Connect with us

Фудбал

Голманот на Милан дојде до центарот, па го напушти теренот: Сите останаа шокирани кога видоа што прави Маињан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан синоќа на домашен терен успеаја да го совладаат Емполи со 1:0.

Росонерите потешко од очекувањата стигнаа до нови три бода и успеаја да се задржат на врвот на табелата во Серија А.

Јунак на синоќешниот натпревар беше Калулу, кој во 19. минута го постигна единствениот гол на натпреварот вреден три бода за Милан.

Сепак, во центарот на вниманието беше голманот на овој тим Мајк Маињан. На еден прекин за слободен удар на Милан отиде до центарот на теренот, а потоа го напушти теренот.

Имено, Маињан им покажа на играчите на Милан каде да се постават во живиот ѕид за да им пречат на играчите на Емполи.

На навивачите не им беше јасно што прави нивниот голман, но заборавија на се по неколку секунди кога Калулу постигна гол за 1:0.