Фудбал
Голманот на ПСЖ е во индуцирана кома, неговата сопруга со емотивна порака: Не ме оставај (ФОТО)
Голманот на ПСЖ, Серхио Рико останува во медицински индуцирана кома (постапка која се употребува за лекување на тешки повреди на мозокот) на одделот за интензивна нега во болницата во Севиља. Toj доживеал тешка додека бил на јавање, а бил удрен од коњ кој почнал да бега. Со хеликоптер бил пренесен во болница, каде му биле извршени низа медицински процедури. Неговата состојба не се промени многу во последните 24 часа, додава шпанскиот печат. Лекарите се надеваат на подобрување на состојбата на Рико во следните неколку дена.

Во исто време, сопругата на играчот излезе со емотивнапорака на социјалните мрежи, во која го повика својот сопруг да се бори.
„Не ме оставај, љубов моја, бидејќи, се колнам, не знам како. Не знам како да живеам без тебе. Те сакаме многу“, напиша Алба Силва.