Connect with us

Фудбал

Голот на Ериксен од корнер не бешее доволен, историски гол на Мертенс за финале на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 65.минути на мечот против Интер. Играта ја напушти при 1:1, а така остана и до крајот, па Наполи и Елмас ќе играат во финалето од Купот на Италија против Јувентус, благодарејќи на победата од 1:0 на првиот меч во Милано.

Интер поведе вечерва во 3-та минута и тоа со гол од корнер, но пет минути пред крајот на првиот дел Мертенс израмни на 1:1, со неговиот 122 гол во дресот на Наполи, со што влезе во историјата на клубот како најдобар стрелец.

Финалето ќе се игра на 17 јули во Рим.