Поврзи се со нас

Фудбал

Голот на Каиседо во 95. минута му ја одзеде победата на Јувентус

Рим, 8 ноември 2020 (МИА) – Со голот на Каиседо во петтата минута од судиското надополнување, Лацио попладнево се спаси од пораз на дуелот со Јувентус одигран во Рим.

Во рамките на 7. коло од италијанскиот шампионат, Јувентус поведе во 15. минута преку Кристијано Роналдо. Фелипе Каиседо во финишот им донесе бод на римските „небесно сини“.

Јувентус со 13 бода, го зазема третото место на табелата во Серија А.

Лацио е на 8. позиција со 11 бода. зс/

loading...

Facebook