Горан Пандев „ Го посакувавме Зрињски “

Освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Академија Паднев својот дебитантски настап на европска сцена ќе го започне со квалификациски дуел во рамки од првото коло на Лига Европа против босански Зрињски.

Сопствениот на струмичкиот тим, Горан Пандев истакна дека желбата му се исполни, затоа што од сите можни противници најмногу го посакувале токму Зрињски.

„Од сите можни противници најмногу го посакувавме Зрињски. Сите веруваме дека дека можеме да направиме нешто против клубот од Мостар. Во секој случај го почитуваме противникот, но верувам во нашите момци. Горд сум на нив, тие го направија најголемиот успех во историјата на нашиот клуб, откако го освоија Купот на Македонија“, вели Пандев.

Првите натпревари се закажани за 11 јули, а една недела подоцна, 18 јули, ќе се одиграат реваншите.

Извор: Дриблинг