Фудбал
Горан Пандев им се извини на „Комити“ (ВИДЕО)
Утре стартува новата сезона во ПМФЛ, со пет мечеви. Брера Струмица (Академија Пандев) го пречекува Вардар, Брегалница игра против Силекс, актуелниот шампион Струга ТЛ е домаќин на новиот прволигаш Гостивар, Тиквеш се среќава со Македонија ЃП, а исто така дебитантот во првата лига, Воска Спорт е домаќин на Шкендија. Утре играат Работнички и Шкупи.
Иако, навивачката група „Комити“ се мобилизираше за утрешното гостување со цел да го прослават враќањето на Вардар во првата лига, сепак од ФФМ стигна известување дека ФФМ не дозволува гостински навивачи. Горан Пандев, кој е претседател на Брера Струмица им се извини на „комити“, а тие пак не се откажуваат и продолжуваат со повиците за гостување во Струмица.