Connect with us

Ракомет

Горбок стави крај на кариерата

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Ракометарот на Вардар,Сергеј Горбок соопшти дека става крај на својата спортска кариера.

Тој се заблагодари на сите кои биле вклучени во неговиот спортски живот.

– Ја завршив мојата спортска кариера. Јас сакам да кажам едно големо благодарам на сите на ракометот и сите вклучени во мојот спортски живот. Тоа беше убав пат кој ми даде многу и ме научи многу. Исто така, огромна благодарност до сите тренери, играчи, спонзори, клуб вработени, навивачите и на моето семејство и пријатели, напиша Горбок, цитиран од неговиот досегашен клуб.

Покрај Вардар, Горбок има настапувано и за екипите на ПИК Сегед, Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и Чеховски Медведи.

Бил шампион на Белорусија, Украина, Словенија, Русија, Македонија и Унгарија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com