Connect with us

Други спортови

Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето во Анталија

Најдобра македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Анталија.  По двете рутински победи во Анталија, Лина Ѓорческа денес го заврши настапот во четвртфиналната фаза. Македонската тенисерка не освои ниту сет во дуелот со Романката Андреа Роска (7-6/1, 6-3).

Ѓорческа на патот кон полуфиналето беше сопрена од романската тенисерка Андреа Роска која е за 116-места послабо рангирана на ВТА листата од нашата тенисерка.

Ѓорческа денеска по скоро два часа игра беше поразена од осмата носителка Андреа Амалија Роска. Романката славеше со 2-0 во сетови на теренот број четири, првиот сет го доби по голема борба со 7-1 во тај-брејкот, додека во вториот со 6-3 го потврди триумфот вреден полуфинале на овој турнир.