Connect with us

Фудбал

Горецка ги разочари Ливерпул и Јувентус, потпиша за Баерн Минхен

Подолг период играчот на Шалке, Горецка, се поврзуваше со Јирген Клоп и Ливерпул како и Старата Дама, но Германскиот интернационалец одлучи да остане во неговата родна земја и да се приклучи кон екипата ан Баерн Минхен.

Горецка ги помина медицинските прегледи и потпиша договор за Баерн, а тоа го потврди и директорот на Шалке.

Неговиот договор со Шалке истекува на крајот од оваа сезона, клубот се обидел да го задржи, но тој одлучил дека е најдобро за него да си замине.

Интерес за 22-годишниот фудбалер, Баерн пројави уште од минатата година, а претседателот Румениге вели дека ова била прилика која едноставно германскиот гигант не смеел никако да ја пропушти.

Покрај Ливерпул, за услугите на Горецка беа заинтересирани и Арсенал и Јувентус.