Фудбал
Горецка и Кимих започнаа голема акција, a фудбалерите донираат пари
Фудбалерите на Баерн, Леон Горецка и Џошуа Кимих донираа еден милион евра за борба против коронавирусот.
Платформата „We kick corona“ започна со собирање на финансиски средства, основана од Горецка и Кимих.
Засега, собирањето помош оди многу добро. Тие веќе собраа два и пол милиони евра и донациите сè уште доаѓаат.
На акцијата се приклучи и остатокот од репрезентацијата. Пари донираа Матс Хумелс, Лерој Сане, Jулијан Дракслер, Јонас Хектор, Бенедикт Ховедес и Себастијан Роде.
Секако, ова е многу пофална акција што сигурно ќе им помогне на многумина да се излечат од овој вирус.