Фудбал
Господ гледа се-Фудбалерот на Торино се огласи откако беше понижен од тренерот на мечот со Јувентус
Фудбалерот на Торино, Немања Радоњиќ се огласи на социјалните мрежи откако синоќа беше понижен од неговиот тренер Јуриќ. Имено, тренерот го стави во игра во 60-та минута на мечот со Јувентус при 2:2, а потоа Торино прими гол, Јуриќ се изнервира и по 15 минути игра го извади Радоњиќ од игра. По мечот тренерот рече дека одлуката ја донеле бидејќи фудбалерот е недисциплиниран и воопшто не соработува на теренот, односно не ги исполнува задачите кои му се дадени.
По мечот се огласи и самиот фудбалер:
-Верувај во себе и тогаш кога другите неверуваат. Господ гледа се! Напиша Радоњиќ.
Инаку, Јувентус во градското дерби славеше со 4:2.