Connect with us

Кошарка

Готова е 17 годишната лојалност: Леброн Џesејмс потпиша за „лут ривал“

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс ја напушта Кока-Кола по 17 години верност.

По Кока-Кола, Џејмс реши да го спонзорира Пепси, па потпиша договор со големиот ривал на неговиот долгогодишен спонзор.

Оваа вест беше потврдена од телевизијата ЕСПН, а во САД секако беше оценета како сензационална, како што ретко која од големите спортски sвезди правеше таков „трансфер“.

Џејмс ќе биде главниот промотор на „Mountain Dew“, еден од најпопуларните пијалоци на Пепси, кој во 2015 година стана еден од главните спонзори на НБА-лигата.

Соработката на Леброн со Кока-Кола датира од 2003 година, пред тој дури и да влезе во НБА сцената, а неговиот договор истече на крајот на 2020 година, по што двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик за условите за негово продолжување.

Заедно со оваа компанија, тој создаде свој пијалок сличен на „Спрајт“, што му донесе огромен профит. И токму за Спрајт ја сними својата прва реклама во кариерата уште во 2003 година.