Connect with us

Фудбал

Готово е, Бензема потпиша на две години, но ова е само почеток, следуваат Рамос, Ди Марија, Левандовски, Фирмино…

Карим Бензема и официјално во следните две сезони ќе го носи дресот на Ал Итихад од Саудиска Арабија. Како што информира Фабрицио Романо, спортски новинар, кој важи за добро упатен, тој потпиша двегодишен договор, кој ќе вклучува клаузула за можност за продолжување на уште една сезона. Се чека во следните неколку денови Бензема да отпатува во Саудиска Арабија.

Но, медиумите пишуваат дека Кристијано Роналдо и Карим Бензема се само почеток на вистинскиот бум кој се очекува да се случи во лигата во Саудиска Арабија, а за овој проект учествуваат и самите власти. Имено, нивниот плат е да ја кренат лигата на повисоко ниво, сакаат да организираат Светско Првенство, по примерот на Катар, а дотогаш ќе ангажираат многу ѕвезди, кои на некој начин би биле амбасадори на земјата во организацијата на Мундијалот.

Се очекува наскоро во Саудиска Арабија во овој преоден рок, или следната година, да отпатуваат Рамос, Ди Марија, Левандовски, Фирмино и други ѕвезди.