Фудбал
Готово е, екс тренерот на Елиф Елмас на клупата на Италија, ќе дебитира против Македонија во Скопје!
Лучијано Спалети кажа „да“ за репрезентацијата, ФИГЦ планира да го соопшти тоа „да“ утре, информира Газета дело Спорт.
Угледниот весник пишува:
Поминаа малку бурни часови, но вчера попладне синото небо се расчисти, најавувајќи го претстојното ведро време. Денеска, по бројните телефонски контакти, претседателот на ФИГЦ Габриеле Гравина и Спалети ќе се сретнат очи во очи, ќе се ракуваат, оставајќи ги зад себе сомнежите и тешкотиите што го следеа договорот. Презентацијата во понеделник во Рим изгледа веројатно.
Инаку, пред само неколку дена првиот човек на Наполи, Де Лаурентис излезе со писмено соопштение во кое вели дека нема да ги „прости“ трите милиони евра кои треба Наполи да ги добие како обештетување за предвремен раскин на договорот со Спалети. Италијанскиот фудбалски сојуз одбиваше да ја плати сумата, но сепак се чини дека на крајот се согласиле да го покријат обесштетувањето. Спалети по освојувањето на титулата со Наполи, иако имаше важечки договор, сепак одлучи да не продолжи како тренер на тимот од Неапол.