Фудбал
Готово е, Ливерпул договори засилување од Баерн Минхен
Според пишувањата на угледниот „ЕСПН“ Тијаго Алкантара од следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Наводно германскиот првак Баерн му дал „зелено светло“ на својот играч за преселба на „Енфилд“, а двата клуба начелно ги договориле деталите за трансферот.
Претходно беше објавено дека Ливерпул веќе ги договорил личните услови со играчот од средниот ред и работи на финализирање на договорот.
Тијаго е дел од составот на Баерн веќе седум сезони и во тој период освои седум германски титули, но никогаш не успеа да триумфира во ЛШ. Тој има договор за уште една година со „баварците“.