Connect with us

Фудбал

Готово е, Лука Модриќ ќе ја игра 10-тата сезона во Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите играчи за врска во последните неколку години, одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид. Актуелниот му истекува на крајот од сезона, а според новиот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една година, со што десет сезони ќе биде дел од „Кралскиот клуб“. Информациите велат дека Модриќ дури се согласил и на намалување на платата.

Хрватот во Реал Мадрид пристигна во 2012-та година за 35 милиони евра од Тотенхем. Забележа 383 настапи, на кои постигнал 26 голови и 61 асистенција. Има 35 години.