Connect with us

Фудбал

Готово е: Милан договорил уште едно засилување

Според двајца, секогаш добро упатени италијански спортски новинари, Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио, Милан договорил уште едно засилување.

Се работи за Данецот Симон Кјаер, кој сезоната ја почна во Аталанта, но на позајмица од Севиља, но одигра само пет меча.

Аталанта сака да го врати од позајмица Матија Калдара, токму од Милан, па „Росонерите“, практично ќе го земат Кјаер, исто така на позајмица.

Претходно пристигна Златан Ибрахимовиќ, а се пишува дека Милан го сака и крилниот напаѓач на Интер, Матео Политано.