Фудбал
Готово е, Милан Илиевски не е повеќе тренер на Работнички
Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3-0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот. ФК Работнички информира дека во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период. Работнички во следното 13. коло на домашен терен го пречекува Силекс.