Connect with us

Фудбал

Готово е, позната е иднината на Рафаел Леао, потпиша до 2028-ма

Милан денеска и официјално го потврди продолжувањето на соработката со еден од своите најдобри фудбалери Рафаел Леао (23). Португалецот потпиша нов договор кој ќе важи до летото 2028 година, а според некои информации и офанзивецот добил значително покачување.

Леао отсега ќе има годишна плата од 7.000.000 евра, додека во претходниот договор таа бројка беше 1.500.000. Вака фудбалерот ја плати својата одлична минатата сезона кога го предводеше Милан до шампионската титула на Италија, патем беше прогласен и за најдобар фудбалер во Серија А и со тоа го привлече вниманието на финансиски помоќните клубови.

Сепак, нема да има ништо од заминувањето ова лето, наводно Милан ставил откупна клаузула во висина од 175.000.000 евра за да го заштити својот фудбалер, но оваа информација не е официјално потврдена.