Connect with us

Фудбал

Готово е, ПСЖ потврди: Двете ѕвезди заминуваат од Париз

Тијаго Силва и Единсон Кавани го напуштаат ПСЖ на крајот на сезоната. Ова го потврди францускиот шампиомн, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој се повика на Бразилецот.

Договорите на двајцата играчи истекуваат на 30 јуни, по што тие ќе станат слободни агенти.

Силва (35) одигра 30 натпревари за ПСЖ во сезоната 2019/20 и постигна еден гол со една асистенција, додека 33-годишниот Уругваец Кавани има 22 натпревари, седум гола и три асистенции.