Connect with us

Фудбал

Готово е, сите страни ги потпишале документите, Нејмар заминува од Париз, ПСЖ добива 100 милиони евра (ФОТО)

Човекот кој е апсолутен рекордер кога се во прашање трансферите со 222 милиони евра кога Пари Сен Жермен го испразни кесето и ја плати споменатата сума на Барселона, Нејмар повторно менува клуб. Овој пат заминува од Европа, заминува од Париз и ПСЖ, а нов клуб ќе му биде – Ал Хилал.

Амбициозниот проект на тој клуб продолжува, а дефинитивно централна фигура ќе биде споменатиот Бразилец кој ќе го добие бројот 10 во тој клуб. Што знаеме за трансферот? Фабрицио Романо денеска пишува дека е готово, што е многу веродостојно, чекаме само официјална потврда за неговото пристигнување во Ал Хилал, документите се потпишани и поднесени, а оваа недела Нејмар ќе отпатува за Саудиска Арабија по завршувањето на медицинските прегледи, за денеска се закажани прегледи во Европа. Тој ќе добие двегодишен договор, а ПСЖ за овој трансфер ќе добие нешто помалку од 100 милиони евра.