Фудбал
Готово е, Зидан им рекол на играчите дека заминува
Тренерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Зинедин Зидан им соопштил на своите фудбалери дека заминува од клубот на крајот од сезоната во која „кралскиот клуб“ доживеа елиминации во Лигата на шампиони и националниот Куп, а на две кола до крајот на првенството заостанува два бода зад градскиот ривал Атлетико во обидот фа ја одбрани шампионската титула.
Паралелно со ова, весниците „Марка“ и „АС“ објавија дека раководството на Реал ќе ја почитува одлуката на Зидан и го подготвува својот поранешен легендарен напаѓач Раул Гонзалес Бланко за наследник на Французинот на клупата.
Зидан го напушти Реал во 2018 година откако ја освои третата шампионска титула во серија, но се врати во Мадрид десет месеци подоцна.
Реал Мадрид вечерва му гостува на Атлетико Билбао, а во последното коло од овогодишното издание на Ла Лига на 23 мај ќе биде домаќин на Виљареал.