Connect with us

Фудбал

Гоце Седлоски промовиран во нов тренер на Динамо Загреб 2

Поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Седлоски (46), денеска и официјално e претставен за нов тренер на вториот тим на Динамо Загреб. Игор Јовичевиќ го презеде првиот тим кој претходно го водеше Ненад Бјелица, а некогашниот столб во одбраната на „модрите“, а сегашен спортски директор во Вардар, се враќа во тимот кадешто играше како играч со големи успеси.

46-годишниот Седлоски играше во Динамо од 1998 до 2004 година, а претходно беше тренер на Турново, Вардар, Рига и Широки Бријег во Босна и Херцеговина, додека во Вардар беше и спортски директор во 2014 и 2015 година.

Што се однесува до играчката кариера, тој играше за Динамо во два мандата, од март 1999 година до летото 2004 година и повторно од февруари до јули 2005 година. Своевремено беше и капитен на овој тим. За тимот од „Максимир“ запиша 302 настапи, од кои 191 во домашното првенство, хрватскиот Куп, Суперкупот и европските натпреварувања. Со „сините“ освои осум трофеи: шампионска титула  во 1999, 2000 и 2003 година, Купот во 2001, 2002 и 2004 година и Суперкупот во 2002 и 2003 година.