Други спортови
Ѓовиќ без проблеми до второто коло на Вимблдон, Циципас падна сензационално
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ денес го победи Џек Дрејпер во првото коло на Вимблдон.
Со победата Ѓоковиќ успеа да го започне походот за одбрана на титулата на Вимблдон, а доколку успее да стигне до самиот крај, тогаш ќе се изедначи со Роџер Федерер и Рафаел Надал по бројот на грен слем титули (20).
Српскиот тенисер не го отвори на најдобар начин денешниот натпревар против Дрејпер, кој преку квалификациите стигна до првото коло.
Дрејпер добро го започна мечот и го покажа својот квалитет, а по 38 минути игра поведе со 1:0 во сетови откако го доби првиот сет со 6:4.
Сепак, тоа беше се што видовме од 253-от тенисер во светот затоа што Ѓоковиќ дојде до пресврт и победа.
Вториот сет Новак го доби со 6:1 по 26 минути, а потоа во третиот сет успеа да слави со 6:2 и да сврти на 2:1 во сетови.
Четвртиот сет се играше половина час, а Ѓоковиќ повторно му остави само два гема на противникот, па стави точка на овој натпревар со 6:2.
Во второто коло, Ѓоковиќ игра против подобриот играч од дуелот Бариос – Андерсон. Исто така, треба да се напомене дека видовме големо изненадување во првиот круг затоа што беше елиминиран Стефано Циципас.
Циципас беше поразен во првото коло од американскиот тенисер Франсис Тијафо со 3:0 во сетови.