Фудбал
„Граѓаните“ немаа трпение, „Кралевите“ сериозно го следат
Шалке не влезе добро во продолжението на сезоната во Бундеслигата, но тоа не влијае на фактот дека наскоро би можел да заработи добро од трансферите.
Имено, 19-годишниот крилен напаѓач на Шалке, Раби Матондо го привлече вниманието на многу великани по одличните игри оваа сезона, вклучувајќи го и Реал Мадрид.
Интересот на Реал за Матонда е присутен некое време, а „ОК Диарио“ пишува дека тренерот Зинедин Зидан сега им наложил на скаутите на клубовите одблизу да го следат младиот офанзивен играч.
Откупната клаузула на Матондо во неговиот договор со Шалке е 60 милиони евра, но тешко е да се очекува Реал да биде подготвен да плати толку многу пари за играч со скромно искуство во сениорски фудбал (ова е негова прва сезона во кој има статус на првотимец). Сепак, по преговорите, цената на Матондо може да стане многу поприфатлива
Младиот фудбалер е роден во Ливерпул, но сепак ги направи првите фудбалски чекори во Велс пред да пристигне во младинската екипа на Манчестер Сити пред четири години. Беше јасно дека тој беше голем талент, но „Граѓаните“ немаа трпеливост да го чекаат неговиот развој, па во јануари 2019 година го продадоа на Шалке за девет милиони евра.
Трансферот во Шалке се покажа како вистински потег за младиот фудбалер, со оглед дека тој започна редовно да добива шанса во овој клуб.
Се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед го сака и него, но ваквите шпекулации во меѓувреме стивнаа.