Connect with us

Фудбал

„Гранде Пандев“ со најдобра голгетерска форма во последните 11 години во Серие А

Горан Пандев беше стрелец на првиот гол за Џенова во победата од 2:0 против СПАЛ. Ова за него беше девети гол оваа сезона. Со тоа тој го надмина учинокот од сезоната 2008/2009 во Лацио со осум постигнати голови.

Ова значи дека по 11 години Пандев ја има најдобрата голгетерска сезона. Тоа беше последната сезона во дресот на Лацио, потоа се пресели во Интер, па играше во Наполи, Галатасарај, клубови во кои никогаш не постигнал голови како оваа сезона во Џенова кога се сметаат само мечевите во Серие А, иако се разбира, особено со Интер имаше големи успеси како што е „Триплета“.