Фудбал
„Гранде Пандев“ за „Скај Спорт“ ги кажа своите желби за оваа сезона
Уште четири меча до крајот на сезоната во Серие А, четири важни дуели за Џенова и Горан Пандев во битката за опстанок. Првата важна пресметка е вечерашното градско дерби и гостување на Сампдорија.
Најдобриот македонски фудбалер игра одлична сезона, а во моментов има девет постигнати погодоци и е најдобриот стрелец на Џенова во моментов.
Знае Пандев дека вечерва ќе биде тешко, а тоа го кажа и во изјавата за „Скај Спорт“. Како што вели тој следните четири мечеви ќе бидат од голема важност и би сакал да се радува во градското дерби.

Запрашан за неговите голови и тоа што е прв стрелец Пандев меѓудругото вели:
-Не ги гледам многу головите, поважни се резултатите на тимот. Мојата желба секако е опстанок на Џенова, а би било добро доколку бројот на постигнати голови на крајот од сезоната биде двоцифрен, вели Пандев.
Градското дерби Сампдорија –Џенова е на програмата во 21:45 часот.