Ракомет
Грац, Виена, Трондхајм, Малме, Гетеборг домаќини – 71.000 гледачи во живо ќе следат ЕП 2020
Натпреварите меѓу Хрватска, Србија, Црна Гора и Белорусија, ќе се играат во „Штадхале“ во Грац, која има капацитет 5.500 гледачи.
Во групата Б, каде се наоѓа и Македонија национален тим ќе ги игра пред публиката во Виена во салата „Вајнер Штадхале“, која има капацитет 10.000 гледачи. А Македонија ќе ги одмери силите со домашната репрезентација на Австрија, Чешка и Украина.
Единствениот град кој ќе биде домаќин на две групи е норвешки Трондхајм. Салата „Трондхајм Спектрум“ има 9.000 седишта, а втора фаза во групите Ц и Д ќе бркаат Шпанија, Германија, Летонија и Холандија, односно домаќинот Норвешка, Франција, Португалија и БиХ.
Можноста да играат во втората најголема сала на ова Европско првенство ќе ја имаат Данска, Унгарија, Исланд и Русија. „Малме Арена“ собира нешто повеќе од 12.000 гледачи.
Во Шведска ќе се играат дуелите од последната група на континенталниот собир. Домашната селекција на Шведска ќе биде голем фаворит пред своите гледачи во „Скандинавиум“ која има капацитет од 12.000 седишта. Противници на Швеѓаните ќе бидат Словенија, Швајцарија и Полска.
Завршницата ќе ги однесе најдобрите репрезентации во главниот град на Шведска, Стокхолм. Спектакуларниот објект „Теле 2 Арена“ со капацитет од 35.000 седишта ќе биде местото, каде што ќе се одржат полуфиналните натпревари, мечот за трето место и дуелот кој ќе го даде новиот европски шампион.