Connect with us

Други спортови

Грчката тенисерка збесна, па и се закани на Русинката: Само уште еднаш ако го сториш тоа (ВИДЕО)

На Марија Сакара не и се допадна тоа што нејзината ривалка од Русија беше гласна и викаше во нејзина насока по освоените бодови, па и се закани.

Грчката тенисерка Марија Сакари со многу мака стигна до третото коло на Австралија Опен, која по голем пресврт ја совлада малку познатата Дијана Шнајдер – 2:1 (3:6, 7:5, 6:3). . Станува збор за младa 18-годишнa тенисерka од Русија, студентka на американски колеџ, којa направи вистинско мало изненадување во Австралија.

Сепак, во текот на мечот таа беше многу гласна и славеше поени со директно викање на Сакара, поради што на крајот од вториот сет тенисерката од Грција директно се обрати на судијата.

„Ако ми вика уште еднаш… Само уште еднаш!“ – беснееше Сакари со подигнат прст, на што главниот судија и рече дека мисли дека тоа „не е насочено кон неа“. Тоа се чинеше дека уште повеќе ја изнервира Гркинката: “Како не? Одеше кон мене. Ако го направи тоа повторно, ќе реагирам кај супервизорот. Само уште еднаш да го видам”, рекла таа, додека Русинката се повлекол и не смеел вербално да се соочи со неа.

Тоа можеби и ја исплаши, бидејќи Сакари ги доби следните два гема, а со тоа и сетот, додека беше подобра во решавачкиот трет и со тоа се пласираше во третото коло, каде ја чека Жу од Кина.

Advertisement