Connect with us

Фудбал

Грчкиот фудбал пред целосен колапс

Проблеми во фудбалскиот сојуз во Грција. Поради коронакризата, не може да се избере нов претседател, за што треба претходно да се одржат и избори во сојузот. УЕФа веќе даде и ултиматум за ова, што доколку не се направи нешто, следува целосен колапс на фудбалот кај нашиот јужен сосед.

Според најавите од оваа земја, во Атина пристигнало писмо адресирано од УЕФА, во кое се наведува дека доколку до октомври не се одбере прв човек на фудбалот, Грција ќе добие суспензија. Тоа би значело дека ако до датумот не се одржат изборите, грчките екипи би биле исфрлени од евро-куповите, ама би значело и суспензија за сите репрезентации на земјата.