Connect with us

Фудбал

Грешката на Баерн го принуди Кутињо да игра со дрес за дечиња!!!

Филипе Кутињо беше одличен на натпреварот против Вердер Бремен (6-1). Според германските медиуми, Бразилецот имал најдобар учинок со дресот на Баварците. Тој постигна хет-трик и два пати беше асистент. „The Sun“ за време на славењето на Кутињо сфати дека фудбалерот носеше дрес различен од другите, а не автентичниот на Адидас што го носат играчите на Баерн. Наместо тоа, тој имаше копија од тоа за деца, што може да се купи во официјалната продавница на клубот.

Но, која е причината што Кутињо, беше принуден да носи дрес со големина за деца? Ова го објаснува „Bild“. Баерн очигледно му даде список на нарачки на „Адидас“ со големината на дресовите за своите играчи долго пред Бразилецот да дојде на „Алијанц арена“. Значи, оваа маичка не е официјално произведена. Се очекува Адидас да го даде официјалниот дрес на крајот на годината. Па, како и другите соиграчи, до 2020 година, тој може да го носи автентичнниот дрес на Баерн Минхен.