Connect with us

Фудбал

Гринлиш: Во Сити излегов од мојата комфорна зона

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Гриниш е задоволен од својата прва сезона за тимот и од освоената титула во англиското фудбалско првенство.

„Беше потешко отколку што мислев, но уживав во секоја минута. Излегов од мојата комфорна зона овде. Нова соблекувална, нова средина, нови соиграчи и се во име на успехот. Тоа е навистина точно“, рече Гриниш за SETimes.

Манчестер Сити забележа драматична победа над Астон Вила со 3:2 во натпреварот од последното 38. коло на Премиер лигата. Фудбалерите на Пеп Гвардиола, губејќи со 0:2, го свртеа натпреварот за шест минути. Така, тимот го задржа првото место во конечниот поредок со бод пред Ливерпул.