Фудбал
Гризман е на излезна врата од Барселона, а угледниот новинар открива и каде би можел да заврши
Антоан Гризман, наводно, е на излезната врата од Барселона.
Иако тој пристигна во Барса минатата година, 29-годишниот напаѓач се очекува повторно да го смени клубот во текот на летото, а угледниот новинар Данкан Кастел откри каде Гризман би можел да ја продолжи кариера.
„Гризман е во фаза на кариера каде неговата вредност се намалува. Барселона не е во добра финансиска состојба и дефинитивно ќе се обиде да најде клуб кој е подготвен да го однесе“, рече Кастел, продолжувајќи:
„Сите знаат дека играчите не сакаа Гризман да дојде во клубот и тие сигурно не сакаат тој да остане. Сето ова ја намалува неговата вредност и верувам дека некој клуб што претходно го сакаше ќе се обиде да го донесе. Манчестер Јунајтед изгледа како вистинска опција. Ќе видиме дали ќе оди по него ова лето“, рече Кастелс.
Гризман играше доста скромно оваа сезона. Настапуваше на 37 натпревари и постигна 14 голови.