Connect with us

Фудбал

Гризман направи споредба меѓу потопот пред две години и сегашната радост: Не дозволувај ништо да ти избега

нтоан Гризман се закити со златниот медал на Светското првенство во Русија и ја подигна толку посакуваната „Златна божица“, а ако се земе в предвид дека Французинот претходно го освои и трофејот во Лига Европа, несомнено е дека тој автоматски се искачува на врвот на листата на потенцијални кандидати за освојување на „Златната топка“.

Поради двата порази во големите финалиња во 2016 година, Гризман остана поразен во дуелот со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но ако сега реално се гледа на работите, тој треба да е во предност во однос на двете големи ѕвезди.

Само за потсетување, Гризман пред две години загуби во финалето на Лигата на шампионите и во финалето на Европското првенство, но благодарение на напорната работа и огромната желба, оваа година со помош на соиграчите се радуваше на титулите во Лига Европа, а пред една недела и на онаа од мундијалот.

– Не дозволувајте ништо да ви избега.

Извор: Дерби