Connect with us

Фудбал

Гризман: Она што е Фегусон за Јунајтед, тоа е Симеоне за Атлетико

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман очекува неговиот клуб да ја освои титулата во Лига Европа, иако на теренот нема да присуствува тренерот Диего Симеоне.

„Имаме шанса да ја освоиме титулата во Лига Европа. Ќе направам се што е во моја моќ да успееме во тоа“, истакна Гризман.

Во финалето шпанскиот клуб ќе настапи без Симеоне на клупата, бидејќи УЕФА го суспендираше поради исклучувањето на натпреварот против Арсенал.

„Она што Симеоне го прави е од историско значење за Атлетико. Како на пример она што Алекс Фергусон го направи за Манчестер јунајтед. Се надевам дека ќе имаме таков успех и со трофеите, бидејќи нашиот клуб го заслужува тоа. Сметам дека тој е најдобриот тренер на светот што се однесува до тактиката. Навистина е задоволство да се работи со него“, потенцира Гризман.

Финалниот натпревар во Лига Европа се игра утре во Лион, а за трофејот ќе се соочат Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.