Фудбал
Гризман откри како играчите на Барселона ќе дознаат за резултатите од тестот
Фудбалерите на Барселона денеска пристигнаа на тренинг-кампот каде беа тестирани за коронавирус, а потоа беа подложени на лекарски прегледи.
По скоро два месеци, фудбалерите и членовите на првиот тим на каталонскиот клуб дојдоа во тренинг-кампот, каде што беа тестирани, а доколку се оди добро, тренинзите ќе продолжат во петок.
По завршувањето на тестирањето и медицинските прегледи, првиот што се обрати до јавноста беше Антоан Гризман. Францускиот напаѓач откри дека сè поминало добро, и дека сега ги чекаат резултатите од тестот.
Гризман призна дека сите играчи со нетрпение чекаат да продолжи тренингот, откако минаа скоро два месеци во домашна изолација. Тој исто така откри како ќе ги добие резултатите од тестот.
“Денес сите направивме тестови за коронавирус. Утре ќе ги добиеме резултатите од тестот преку WhatsApp. Се надеваме дека сè ќе биде како што треба и дека веќе ќе бидеме на тренинг во петок”, рече Гризман.