Connect with us

Фудбал

Гризман во искрена исповеда: „Го зае*ав Меси“

Третиот најскап фудбалер во историјата на Барселона, Антоан Гризман, по 18 месеци од доаѓањето во Барселона конечно одлучи отворено да прозбори за се пред шпанската јавноста.

Од првиот ден е изложен на критики, до детал медиумите го анализираат неговиот однос со Лионел Меси, односот со тренерите, статистиката…

Францускиот репрезентативец ја „отвори душата“, во шоуто на Хорхе Валдано, ѕвездата на Реал и Аргентина од 80-те години на минатиот век.

Гризман, денес е главна тема во шпанските медиуми, кои вадат парчиња од интервјуто.

„Тешко и депресивно е тоа што секое утро гледам и читам лоши вести за себе и тимот. Зад нас е тешка година, но верувам дека имамем тим кој е способен да оствари големи резултати. Тоа мораме да го докажеме на теренот, како поединци и како тим. Сигурно дека фактот што играме на неколку дена низ Шпанија и Европа нема многу да ни помогне во тоа, поради тоа имаме многу повредени играчи“, рекол Гризман.

Гризман е третиот најскап фудбалер во историјата на клубот од „Ноу Камп“.

Секако, најинтересен за јавноста беше објаснувањето на неговиот однос со Лионел Меси.

„Кога пристигнав во Барселона, веднаш зборував со Меси. Ми рече дека сум го зае*ал со тоа што една година претходно одбив да дојдам и така сум упропастил веќе договорен трансфер, зашто тој јавно барал од раководството да ме доведат. Но, ми рече дека сега е со мене и тоа го покажува секој ден. Лео знае дека го почитувам и дека му се восхитувам“, вели Гризман.

Поради тој упропастен трансфер, а и се што кажа во летото 2018 година Французинот и натаму е омразен кај навивачите на Барселона кои веројатно никогаш нема да му го простат тоа.