Connect with us

Фудбал

Гризман во Мадрид?! Атлетико ѝ нудел на Барса три играчи во замена

Радиото „Кадена СЕР“, тврди дека Атлетико на барселона ѝ понудиле тројца фудбалери во замена за Гризман.

Атлетико Мадрид летово сакал да го искористи незадоволството на француската ѕвезда Ентоан Гризман во Барселона за да го врати во Мадрид одличниот фудбалер кој не се снајде најдобро во Каталонија, но великанот од „Камп Ноу“ одбил три фудбалери во замена, објави угледното шпанско радио „Кадена Сер“.

„Јорганџиите“ им ги понудиле Марио Ермозо, Тома лемар и Алваро Мората.

Гризман, од почетокот на сезоната има одиграно девет натпревари, постигнал два гола и забележал една асистенција.