Connect with us

Други спортови

Грција противник на македонските одбојкарки во третото коло на јуниорското ЕП

Македонската репрезентација составена од одбојкарки до 19 години ќе се соочи со соодветната грчка селекција во 3. коло на Европското првенство во Скопје.

Натпреварот е закажан за вечер од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

„Црвено-жолтите“ синоќа во 2. коло загубија од Словенија со 3:0 (25:13, 25:20, 25:14)

Мери Бошковска со девет поени беше најефикасна во македонскиот тим.

Словенките направија 12 активни блока, 10 повеќе од Македонките, имаа два аса плус и подобар прием, така што впечатокот е на ниво како на отворањето против Финска.

По две коло, македонскиот национален тим е последен во Групата-1 без освоен бод. Лидер е Италија со шест, пред Финска со пет, Словенија и Полска имаат по три, додека Грција е петта со еден бод.