Фудбал
Грција со втора победа во Лигата на нации
Грција ја забележа втората победа откако победи со 1-0 на гостувањето кај Косово . Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Анастасиос Бакетас во 36. минута. Домаќините го завршија натпреварот со 9 играчи, откако Фидан Алити во 72. минута доби втор жолт картон, а во продолжението црвен доби и голманот Муриќ.
Во друг натпревар од истата Група 2 од Лигата Ц , Кипар и Северна Ирска завршија 0-0 во Ларнака. Грците се лидери со предност од 6 бода, Косово има 3, а другите две селекции имаат еден.
⚽💥🇬🇷ΕΧΕΙ ΒΡΕΙ ΤΟΝ ΤΡΟΠΟ Η ΕΘΝΙΚΗ💥🇬🇷⚽
➡️Κόσοβο – Ελλάδα 0-1#EthnikiEllados #Greece #Kosovo #NationsLeague pic.twitter.com/evxWyvTDCF
— Το ΦΩΣ των Σπορ (@fostonsport) June 5, 2022