Connect with us

Фудбал

Губеа со 4:2 а потоа Меси! Погледнете ја магијата од слободeн удар, Лео прави дар-мар во Америка (ВИДЕО)

Многумина мислеа дека Лионел Меси дошол во Соединетите Американски Држави само за да земе пари без да се испоти, сепак, Аргентинецот навистина игра спектакуларно, иако е дел од најслабиот тим во неговата кариера. Така, Интер Мајами пред неговото доаѓање беше навистина очаен, имаше шест натпревари без победа, а откако дојде Меси, само реди триумфи. Откако ги победија Круз Азул, Атланта и Орландо, сега на пенали беа подобри од Далас! Повторно најзаслужен за победата беше Лионел Меси, кој повторно погоди од слободен удар во самата завршница. Интер губеше со 4:2, но прво Фарфан си постигна автогол во 80. минута, а во 85. Меси спектакуларно погоди од слободен удар за пенали. И таму беше непогрешлив, како и Бускетс, Кампања, Милер и Кремаски, додека Помикал промаши за Далас, а Интер продолжи.