Connect with us

Фудбал

Гундоган на лето го напушта Манчестер Сити

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган на лето може да го напушти Манчестер Сити , пишува „Дејли мејл“. Иако клубот тврди дека разговорите за иднината на 31-годишниот Гундоган ќе се водат дури по крајот на сезоната, медиумски извор откри дека играчот бил информиран за намерата на Сити да не го продолжи договорот. Тој ќе има можност да ја истражи можноста за евентуален трансфер пред крајот на договорот кој истекува во 2023 година.

Илкај Гундоган е во тимот на Манчестер Сити од 2016 година. Фудбалерот беше забележан како патува од Манчестер кон шпанската престолнина Мадрид во понеделникот. Информациите ги поттикнаа гласините дека германскиот фудбалер може да се пресели во таборот на Реал Мадрид. Шпанскиот гигант со години е заинтересиран за Гундоган и моментално е во потрага по нов играч за врска за следната сезона.

Манчестер Сити е лидер во поредокот во колото во Премиер лигата пред крајот на сезоната. „Граѓаните“ водат со 4 бода пред второпласираниот Ливерпул .