Фудбал
Гундоган: Трагедија е што уште не сме ја освоиле Лигата на шампионите
Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, го опиша како трагедија фактот што неговиот тим се уште не ја освоил титулата во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ изминативе години секогаш стигнуваа барем до полуфинале, губејќи еднаш во финалето, а главна цел сезонава е трофејот на најпрестижниот турнир.
„Во последните неколку години бевме елиминирани на трагичен начин, но не треба премногу да жалиме. Најважното нешто што го научивме е дека секоја мала грешка на овој турнир се казнува. Без разлика дали сме во четврт-финале, полуфинале или финале, едноставно не можете да згрешите“, коментира Гундоган.
„Играта во финалето беше одлична иако загубивме. Секогаш учиме од поразите, но мислам дека е трагично што се уште не сме ја освоиле Лигата на шампионите“, додаде Илкај Гундоган.