Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Да, Агуеро ќе биде спремен за Светското првенство

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека Агуеро добро напредува после малиот хируршки зафат на коленото. Се течи по планот и дека Агуеро потполно ќе биде спремен за игра на Светското првенство во Русија, кое започнува на 14 јуни.

“Да, Агуеро ќе биде спремен за Мундијалот. Добив информација од докторот Рамона Кугата од Барселона и Серхио напредува одлично”, рече Гвардиола.

Аргентина на СП во Русија игра во Група Д, а противнички екипи се: Хрватска, Исланд и Нигерија.