Поврзи се

Фудбал

Гвардиола: Де Бруин е зрел за „Златната топка“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека Кевин Де Бруин заслужува да биде прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Де Бруин е еден од најзаслужните за доминацијата на Сити оваа сезона во Премиер лигата. Тој досега има постигнато 11 гола и запишано 18 асистенции за „граѓаните“ во сите натпреварување.

– Во моментов Де Бруин е еден од најдобрите и тешко е да се најде подобар од него. Едноставно е брилијантен, но за да му биде патот до „Златната топка“ полесен потребно е да се освои Лигата на шампионите. Доколку не се успее во тоа, многу е тешко и да бидете номиниран за таа награда, рече Гвардиола.

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Фудбал

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com