Фудбал
Гвардиола ги демантира гласините за нговото заминување
Англиските медиуми утрово пишуваа дека Пеп Гвардиола наводно има клаузула во договорот со Манчестер Сити.
Наводно, клаузула би можела да го ослободи Гвардиола од Сити на крајот на сезоната, а медиумите на островот тврдат дека Гвардиола сака да ја искористи клаузулата.
Шпанскиот стратег има договор со „Граѓаните“ до јуни 2021 година, но во ниту еден од двата тима во кои бил претходно (Барселона и Баерн Минхен) не останал повеќе од 4 години.
Се шпекулира дека Гвардиола по една година пауза би можел да се пресели во Јувентус.
Гвардиола веднаш се огласи во врска со ова и категорично ги демантираше медиумите.
„Накраток, тоа што беше напишано, апсолутно не е вистина. Ќе ве потсетам на она што го реков пред една недела. Кажав која е мојот план и сакам да останам во овој клуб“, изјави Гвардиола.