Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Го извадив Халанд од игра за да не го сруши рекордот на Меси (ВИДЕО)

-Не сакав да го собори рекордот за Меси!, на овој начин Пеп Гвардиола се пошегува дека го извадил Ерлинг Халанд против Барнли во ФА Купот за да го зачува рекордот на неговата стара ѕвезда на Барселона.


Халанд го зголеми бројот на голови на 42 со шестиот хет-трик сезонава во саботниот натпревар од ФА Купот  против Барнли, кој заврши со 6:0, а се совпаѓа со учинокот на Кристијано Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед кога ја освои Златната топка.

Норвежанецот наскоро ќе го мине рекордот на Мо Салах и Руд ван Нистелрој од ерата на Премиер лигата од 44 гола во сите натпреварувања, а 49-те на Клајв Ален за Тотенхем во 1986/87 година исто така се под закана. 60-те голови на Дикси Дин во 1920-тите би биле врвно лично достигнување.

Халанд на мечот со Барнли до хет-трик стигна за 59 минути, а веќе во 63-тата Гвардиола одлучи да го извади. По мечот се пошегува дека го извадил за да не го стигне рекордот на Лионел Меси. Ваквата негова изјава доаѓа по мечот во Лигата на шампионите против Лајпциг кога Халанд постигна пет голови, а потоа Гвардиола го извади од игра. Бројни светски портали, па и социјални мрежи беа со критики до Гвардиола, а некои отидоа и до таму што пишуваа дека го извадил од игра за да не го надмине Меси и стане апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови во ЛШ на еден меч. Како што е познато Лионел Меси постигна пет голови против Леверкузен пред неколку сезони кога тренер беше Гвардиола.