Фудбал
Гвардиола го сака големиот талент на ПСЖ?
Тимот на Манчестер Сити е заинтересиран да го донесе Едуард Мичут од ПСЖ, пренесува Скај Спорт.
Тој е млад играч кој има само 17 години игра во средниот ред и е голем талент.
Неговиот договор со „Светците“ истекува за една година и „Граѓаните“ имаат намера да го откупат наместо да го чекаат летото 2021 година кога овој фудбалер ќе стане слободен агент.
Фантастични игри за У19 тимот на ПСЖ оваа сезона се забележани не само од скаутите на Сити и тренерот Пеп Гвардиола, туку и од бројните клубови од Италија и Шпанија.
Во секој случај, сигурни сме дека ќе слушнеме повеќе за овој млад фудбалер …