Фудбал
Гвардиола ја открива чудната причина зошто ѕвездата на Сити не може да биде повредена
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Ријад Марез не може да биде повреден, бидејќи неговите нозе „немаат мускули“.
Шпанецот внимава на формата на Алжирецот, кој постигна седум гола на 18 одиграни натпревари во Премиер лигата оваа сезона.
Пеп ја објасни добрата форма на 28-годишниот фудбалер со овие зборови:
„Разликата од минатата сезона е во тоа што тој играше повеќе минути оваа сезона“.
„Тој играше на високо ниво и минатата сезона. Тој сака да игра фудбал. Ги гледате неговите нозе. Невозможно е да се повреди бидејќи нема мускули“, продолжи Пеп.