Connect with us

Фудбал

Гвардиола ја подготвува револуцијата, еве што ќе се случи на пазарот

Тренерот Пеп Гвардиола изјави дека никој од досегашните играчи на Манчестер Сити нема безбедно место и би можел да замине на летог. Оваа сезона, шампионите во Премиер лигата се соочија со многу потешкотии во првенството.

Сити не успеа да донесе силен добранбен играч откако Винсент Компани го напушти клубот, потврдувајќи дека ова е цел за следното лето. Целта исто така ќе биде и силен напаѓач од средниот ред, откако се повреди Лерој Сане.

„Имам идеја за тоа што ни треба на летниот пазар. Честопати разговарам со клубот за иднината. Сè уште имаме 4-5 месеци активност и дотогаш ќе го оцениме секој играч што го имаме моментално во тимот“ , рече Гвардиола.

„Ќе донесеме одлука на крајот и односот на играчите ќе зависи од нивниот настап, а не од нивниот договор со Сити. Како тренер ќе ги гледам сите, и велам дека никој не е безбеден за следната сезона“, рече Гвардиола.